May 9, 2025 | | Свет
Во натпревар од 36. коло од Серија А, фудбалерите на Милан забележаа важна победа на домашен терен, совладувајќи ја екипата на Болоња со резултат 3:1. Иако првото полувреме не понуди голови, возбудувањата започнаа веднаш по паузата, кога Орсолини во 49. минута ги донесе гостите во водство. Сепак, „росонерите“ не се откажаа и започнаа пресврт. Хименез во 73. минута го израмни резултатот, а шест минути подоцна, Пулишиќ погоди за целосен пресврт и водство на Милан. Точка на натпреварот стави Хименез со својот втор погодок, во судиското продолжение (90+2`), за конечни 3:1. Со оваа победа, Милан сега се наоѓа на осмата позиција на табелата со 60 бодови, додека Болоња останува седма со два бода повеќе. Во следното коло, Милан ќе му гостува на Рома на 18 мај, додека Болоња ќе патува во Фиренца на дуел со Фиорентина. Интересно е што овие две екипи ќе се сретнат повторно за само пет дена, овој пат во големото финале на Купот на Италија кое ќе се одигра на „Олимпико“ во Рим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |