February 24, 2025 | | Свет
Според извештаите на Gazetta dello Sport, Милан сè повеќе го губи трпението со нестабилните настапи на Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мењон, па можно е овие ѕвезди да бидат ставени на трансфер-листата. Клубот претрпе шокантна елиминација од Феенорд во плеј-офот од Лигата на шампионите, додека сезоната во Серија А не се одвива според планот. Постојат големи шанси „росонерите“ да останат без место во топ 4 и да не обезбедат пласман во елитното европско натпреварување. Поради ова, управата на Милан размислува дали да продолжи со актуелниот проект или да направи драстични промени, што би вклучувало продажба на неколку клучни фудбалери. Рафаел Леао и Тео Ернандез често прикажуваат осцилации во играта, а во неколку наврати влегоа во несогласувања со тренерите, што може да доведе до нивно заминување ова лето. Иако неодамна го продолжи договорот, Мајк Мењон направи неколку грешки кои скапо го чинеа тимот, па Милан би можел да ја разгледа можноста за негова продажба на крајот на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |