Милан си поигра со Сасуоло, му даде шест гола (ВИДЕО)

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан си поигра со Сасуоло, му даде шест гола (ВИДЕО)

Милан го декласираше Сасуоло со 6-1 на Сан Сиро и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија. „Росонерите“ го доминираа натпреварот од почеток до крај, целосно го контролираа теренот и на моќен начин обезбедија место меѓу осумте најдобри тимови во италијанскиот куп. Милан не чекаше долго за да го покажат својот квалитет, уште во 23. минута резултатот беше 4-0. Два гола постигна Чукуезе, додека по еден постигнаа Рејндерс и Леао. Во второто полувреме, Калабрија и Абрахам ја зголемија предноста на 6-0, а за Сасуоло утешниот гол го постигна Мулатиери. Со оваа победа, Милан ќе се сретне во четвртфиналето со победникот од дуелот помеѓу Рома и Сампдорија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.