Милан со играч помалку дојде до важни три бода! (ВИДЕО)

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан со играч помалку дојде до важни три бода! (ВИДЕО)

Милан успеа да го совлада Удинезе со минимални 1-0 каде повеќе од еден час домаќините издржаа да не примаат гол со играч помалку. Чукуезе го отвори резултатот за Милан во 13. минута на асистенција на Кристијан Пулишиќ. Во 29. минута следуваше шок за Милан откако Реиндерс заработи црвен картон поради прекршок над противникот, а причината за картонот беше што Холанѓанецот беше последниот играч пред голот. Допрва ќе бидат отворени дискусии за тоа дали овде требаше да има црвен картон. Удинезе на овој натпревар немаше ниту среќа бидејќи по прегледување на ВАР им беа поништени два гола поради буквално милиметарски офсајди, еден во првото полувреме, а друг во второто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.