Милан со интересно решение за Барса околу Дани Олмо

January 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан со интересно решение за Барса околу Дани Олмо

Италијанскиот клуб Милан подготвил шестмесечна понуда за договор со Дани Олмо, доколку Барселона не успее да го регистрира и да му овозможи настапи во вториот дел од сезоната. Олмо би имал можност по завршувањето на оваа сезона да се врати во Каталонија и повторно да го носи дресот на Барселона. За разлика од другите заинтересирани клубови, кои инсистираат на долгорочна соработка, Милан понуди решение кое го остава играчот отворен за враќање во Барса. Меѓутоа, Шпанецот и неговиот агент моментално се целосно насочени кон Барселона. Клубот веќе презел правни чекори за да го реши овој проблем и се очекува случајот да добие разрешница во наредните денови, бидејќи Барселона ги исполнила сите барани услови. Сепак, целата ситуација го погодила Дани Олмо, но тој прво ќе го почека финалниот исход пред да донесе одлука за неговата иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.