Минимална победа на Интер против Џенова и прво место на табелата (ВИДЕО)

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Минимална победа на Интер против Џенова и прво место на табелата (ВИДЕО)

Интер славеше со минимални 1-0 против Џенова и привремено се искачи на првото место во Серија А. Моментот на одлука се случи во 78. минута, кога Лаутаро Мартинез биеше со глава по корнерот на Чалханоглу. Топката закачи еден од гостинските играчи и заврши во мрежата, носејќи огромна радост на „Меаца“. Со овој погодок, Аргентинецот испиша историја, станувајќи првиот странец во дресот на „црно-сините“ кој постигнал 10 или повеќе голови во шест различни сезони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.