Миовски го освои Купот на Каталонија со Жирона, трансферот е се поизвесен

July 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Миовски го освои Купот на Каталонија со Жирона, трансферот е се поизвесен

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да го привлекува вниманието на европските клубови, но засега останува дел од подготовките на Жирона. Каталонскиот клуб го освои Купот на Каталонија, откако на пенали со 5-4 го совлада Еспањол. Во регуларниот дел немаше голови, а Миовски, кој влезе во игра во второто полувреме, успешно реализираше еден од ударите од белата точка. Иако во Шпанија се подготвува за новата сезона, шпекулациите за неговата иднина не стивнуваат. Шкотските медиуми тврдат дека интерес за Миовски имаат двата најголеми клуба од земјата – Ренџерс и Селтик, а не е исклучено и негово враќање во Абердин, каде што минатата сезона остави силен впечаток.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.