March 30, 2025 | | Свет
Македонскиот голгетер Бојан Миовски, кој блесна со два гола за националниот тим во квалификациите за Светското првенство, ќе биде приморан да го прескокне следниот натпревар на Жирона во Ла Лига. Каталонскиот состав попладнево од 16:15 часот ќе му гостува на Барселона на „Монжуик“, но ќе мора да се соочи со значителни ослабувања во тимот. Меѓу отсуствата се издвојува и Миовски, кој според последните информации се соочува со повреда на коленото. Засега нема прецизни детали за сериозноста на повредата, но клубот внимателно ја следи ситуацијата и се надева на брзо враќање на македонскиот ас. Жирона се наоѓа во незавидна форма во шпанското првенство, без победа во последните шест кола. Тимот три пати ремизираше, трипати загуби, а последниот триумф го запиша на 3 февруари, кога на домашен терен го совлада Лас Палмас со 2-1. Останува да се види дали ќе може да ја прекине оваа серија и без присуството на својот важен напаѓач.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |