December 11, 2024 | | Свет
Бојан Миовски годинава ја заврши порано од планираното, откако заработи незгодна повреда пред натпреварот со Ливерпул. Ова ќе значи најмалку шест седмици пауза за него, што ќе го оддалечи од терените и ќе ја прекине неговата активност на фудбалските терени. Иако годината му заврши предвреме, Миовски се обрати на своите навивачи преку својот официјален твитер-профил, каде што изрази гордост за сите постигнати успеси во 2024 година. Тој посочи дека е многу задоволен од она што го остварил на клупски и репрезентативен план, истакнувајќи ги сите значајни моменти и постигнувања. Сепак, со поглед напред, Миовски верува дека ќе се врати посилен и ќе продолжи да ги постигнува своите цели на теренот. „Оваа 2024 година беше специјална за мене. Му помогнав на Абердин во една тешка сезона, по што следеше и трансферот во Џирона како голем чекор напред во мојата кариера. Постигнувањето голови и играњето во Ла Лига значеше и остварување на уште еден сон, исто како и дебито во Лигата на Шампионите, незаборавни моменти кои засекогаш ќе останат во моите сеќавања. Помогнав на мојата земја да го освои првото место во групната фаза, испишавме историја со репрезентацијата уривајќи многу рекорди. За жал,во понеделникот се повредиви оваа година е завршена за мене. Сепак, тоа е само уште еден предизвик, знамдека ќе се вратам посилен. Се гледаме на терен за шест седмици“, изјави Бојан Миовски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |