April 5, 2025 | | Свет
Бојан Миовски е повторно подготвен за акција. По кратката пауза поради проблеми со коленото добиени за време на репрезентативните настапи, талентираниот голгетер е спремен повторно да заигра. Жирона викендов се соочува со тврдиот Алавес, а на вчерашната прес-конференција стратегот Мичел откри дека Миовски тренирал со полн интензитет и ќе биде во конкуренција за настап. Тоа е одлична вест за навивачите кои со нетрпение го очекуваат неговото враќање по пропуштениот дуел против Барселона. „Бојан повторно е подготвен. Работеше напорно и заслужи да биде во тимот“, кратко и јасно рече Мичел, ставајќи до знаење дека довербата кон Македонецот е огромна. Останува да се види дали Бојан ќе стартува или ќе го чека својот момент од клупата, со оглед на тоа што Данјума го најави своето будење со погодок против Барса.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |