August 28, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно ќе игра на Островот, каде што веќе остави голема трага во дресот на Абердин. Според последните информации, „деветката“ на националниот тим е пред потпис со Глазгов Ренџерс, еден од најтрофејните европски клубови. Миовски минатото лето се пресели во Џирона за сума од 6,5 милиони евра, но престојот во Шпанија не му донесе големо задоволство. Повредите сериозно го забавија неговиот развој, па во дресот на каталонскиот тим не успеа целосно да го покаже својот потенцијал. Затоа, штипјанецот реши да ја прифати понудата на шкотскиот гигант и да се врати во шампионат кој добро го познава. Преговорите се во завршна фаза и останува само да се усогласат неколку ситни детали за да се официјализира трансферот. Во Абердин, Миовски остави длабока трага – одигра 98 официјални натпревари и постигна 44 погодоци, на кои додаде и седум асистенции. Токму тоа е квалитетот што го привлече вниманието на Ренџерс, кои се надеваат дека ќе добијат напаѓач способен да прави разлика и во домашното првенство и на европската сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |