Миовски: Сонот за ЛШ ми се оствари, но работите не се секогаш како што посакуваме

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Миовски: Сонот за ЛШ ми се оствари, но работите не се секогаш како што посакуваме

Бојан Миовски имаше прилика да дебитира во Лигата на шампионите каде почна од првата минута во поразот на Жирона од Феенорд со 3-2. Миовски имаше можност да постигне гол од пенал, но не беше прецизен. Во 67. минута тој успеа да изнуди пенал, но за жал го промаши. Тој истакна дека работите не одат секогаш во правецот во кој ние посакуваме. „Дебито во Лигата на шампионите за мене е остварување на уште еден сон, но за жал некогаш работите не се онака како што посакуваме. Сето тоа ќе ме направи посилен и фокусиран на следниот натпревар за тимот во првенството“, стои во пораката на Миовски на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.