Митровиќ ја реши Андора со хет-трик! (ВИДЕО)

June 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Митровиќ ја реши Андора со хет-трик! (ВИДЕО)

Александар Митровиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите стрелци – со хет-трик го предводеше триумфот на Србија над Андора со 3-0 во Лесковец. Србите без многу мака ги освоија трите бода. Домашните навивачи се радуваа уште во 12. минута, кога Митровиќ донесе водство од 1-0, а само 12 минути подоцна го зголеми резултатот на 2-0. Во второто полувреме, по само седум минути игра, Србија доби пенал – а Митровиќ беше прецизен и го комплетираше својот хет-трик, поставувајќи го конечниот резултат. Најубедливи вечерва беа Холанѓаните, кои на свој терен ја уништија Малта со 8-0. Мемфис Депај и Дониел Мален постигнаа по два погодоци, додека по еднаш погодија Вирџил ван Дајк, Хави Симонс, Ноа Ланг и Мики ван де Вен. Австрија исто така покажа доминација на гостувањето кај Сан Марино, каде победи со 4-0 – Марко Арнаутовиќ постигна два гола, продолжувајќи ја својата голгетерска форма. Романија славеше против Кипар со 2-0, додека Албанија ремизираше 1-1 на гостувањето кај Летонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.