August 25, 2025 | | Свет
Ливерпул ова лето го доведе едно од најголемите засилувања во Европа, Флоријан Вирц, кој долго време беше поврзуван со Баерн Минхен. Наместо во редовите на баварскиот гигант, младиот плејмејкер се реши за ново поглавје во Премиер лигата. „Токму како и пред 16 години кога го напуштив Келн и се преселив во Леверкузен, повторно ја барав средината каде што најдобро ќе ги развивам моите фудбалски вештини. Ливерпул ми ја даде таа сигурност и досега можам да кажам дека направив вистински избор“, изјави Вирц за „Кикер“. Тој призна дека сериозно размислувал за трансфер во Баерн, но на крајот срцето го однело на „Енфилд“. „Интензивно ги анализирав двата клуба и одлуката не беше лесна. Но, ја донесов со целосна сигурност и навистина сум среќен. Не е едноставно да се напушти познатото опкружување и да се преселиш во друга земја со сосема различна култура, но тоа беше вистинскиот чекор за мене“, додаде германскиот репрезентативец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |