Младиот голгетер го однесе Реал Мадрид во полуфиналето на Копа дел Реј (ВИДЕО)

February 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Младиот голгетер го однесе Реал Мадрид во полуфиналето на Копа дел Реј (ВИДЕО)

Реал Мадрид со драматична победа над Леганес од 2:3 обезбеди место во полуфиналето на Копа дел Реј. Иако гостите имаа сигурна предност, домашните направија неверојатен камбек, но не успеаја да издржат до самиот крај. „Кралевите“ рано ја презедоа контролата, поведувајќи со 0:2. Лука Модриќ го отвори резултатот во 18. минута, а само седум минути подоцна Ендрик го удвои водството. Сепак, Леганес не се предаде и успеа да се врати во натпреварот. Хуан Круз во 39. минута реализираше пенал за 1:2, а истиот играч во 59. минута со втор гол ја донесе радоста на домашните, израмнувајќи на 2:2. Реал се обиде да го врати водството, а во 75. минута Брахим Дијаз ја погоди гредата. Притисокот на гостите конечно вроди со плод во третата минута од судиското продолжение, кога 20-годишниот резервист Гонзало Гарсија постигна победнички гол и го однесе Реал во полуфиналето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.