Младиот стопер на Реал предизвика хаос: Детево е тука само два дена и не знае како се победува

January 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Младиот стопер на Реал предизвика хаос: Детево е тука само два дена и не знае како се победува

На натпреварот помеѓу Мајорка и Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија настана хаотична завршница, кога Белингем го удри Мафео, а потоа и изби голема мешаница на теренот. Меѓутоа, најголемо внимание привлече младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој предизвика бес кај фудбалерите на Мајорка по неговите провокации, вклучувајќи бакнежи и зборови како „Ајде одете си, многу сте лоши, ептен лоши“. Реал Мадрид во тој натпревар со два доцни гола ја победи Мајорка со убедливи 3-0 и ја обезбеди пресметката со Барселона за титулата во Суперкупот на Шпанија. По завршувањето на натпреварот, капитенот на Мајорка, Дани Родригез, изрази незадоволство од постапките на Асенсио. „Видете, јас сум стара школа и сметам дека треба да знаете како да победувате. Мафео се вжешти откако доби удар и потоа на сцена стапи малиот, кој е тука два дена и треба да покаже малку почит“, изјави Родригез. „Не ми се допадна однесувањето на Асенсио. И јас имав расправија со Ридигер, но се се заврши како што треба. Но детево што е тука само два дена и не знае како се победува… Се надевам дека ќе научи!“, додаде капитенот на Мајорка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.