May 18, 2025 | | Свет
Се ближи моментот кога ќе се реши иднината на Лука Модриќ, чиј договор со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната. Иако кружат шпекулации дека би можел да го напушти клубот, постои реална можност Хрватот да остане уште една сезона во „кралскиот“ дрес. Според шпанската „Марка“, Модриќ е подготвен да ја намали платата само за да остане дел од Реал Мадрид. Неговата желба е јасна – сака да ја заврши кариерата токму во Мадрид, но дури по наредната сезона, со цел да биде во форма за Светското првенство во 2026 година. Најпосакувано сценарио за Модриќ е нов едногодишен договор со Реал, а потоа проштална сезона со репрезентацијата на Хрватска. Во наредните денови се очекува состанок со претседателот Флорентино Перез, по што ќе стане појасно дали легендата на клубот ќе остане уште една година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |