Модриќ ќе стане сопственик на тим од Чемпионшип

April 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ ќе стане сопственик на тим од Чемпионшип

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски ас, нема намера да стави крај на својата блескава кариера и по завршувањето на оваа сезона. И покрај тоа што договорот со Реал Мадрид му истекува на крајот на сезоната, тој се надева дека клубот ќе му понуди продолжување, дури и на 40-годишна возраст, нешто што е вистинска реткост кога станува збор за мадридскиот гигант. Во меѓувреме, Модриќ направи интересен потег на полето на инвестициите, откако купи дел од акциите на шкотскиот фудбалски клуб Свонси. Оваа инвестиција уште еднаш потврдува дека Модриќ не планира целосно да се повлече од фудбалот, туку сака да остане поврзан со играта на друг начин. Свонси, клуб основан во далечната 1912 година, низ годините настапуваше и во највисокото фудбалско друштво на Островот, а моментално се натпреварува во Чемпионшип, втората лига по ранг во англискиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.