Модриќ може да го напушти Реал Мадрид, но да продолжи да игра во Ла Лига

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ може да го напушти Реал Мадрид, но да продолжи да игра во Ла Лига

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид се приближува до својот крај, а иднината на хрватскиот маестро останува неизвесна. Иако во септември ќе наполни 40 години, Модриќ и оваа сезона покажува дека годините за него се само бројка – на 44 натпревари во сите натпреварувања, тој забележа четири погодоци и седум асистенции, докажувајќи дека сè уште има што да понуди на највисоко ниво. Но, Реал Мадрид сè уште не донел конечна одлука дали ќе му понуди продолжување на договорот. Во меѓувреме, според шпанскиот медиум „Дефенса Централ“, Виљареал е подготвен да му даде можност за редовна минутажа, што би му помогнало да остане во топ-форма до Светското првенство во 2026 година. Сепак, самиот Модриќ не крие дека неговата најголема желба е да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Сега останува да се види дали Реал ќе му ја исполни таа желба или хрватската легенда ќе биде приморана да побара нова фудбалска дестинација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.