Модриќ: Сакам да се пензионирам во Реал Мадрид!

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ: Сакам да се пензионирам во Реал Мадрид!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ откри дека неговата желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, но во моментов не размислува за пензионирање. Во интервју за француски „Телефут“ пред реваншот во Лигата на нации, тој истакна дека е фокусиран на преостанатите натпревари до крајот на сезоната, а прашањето за нов договор останува отворено. „Мојот сон е да останам во Реал Мадрид и тука да ја завршам кариерата. Сепак, сега не размислувам за нов договор, туку сум целосно посветен на натпреварите што ни претстојат“, изјави Модриќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.