Модриќ: Ваквите победи носат титула

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ: Ваквите победи носат титула

Лука Модриќ ја оцени победата на Реал Мадрид над Валенсија со 2-1 како многу важна во борбата за титулата во Ла Лига. „Кралевите“ направија спектакуларен пресврт на „Месталја“, иако до 85. минута губеа со 1-0. „Овој тим никогаш не престанува да верува, тоа го покажавме уште еднаш. Покажавме сила и истрајност, имавме доста несреќни ситуации во текот на натпреварот, но и покрај тоа верувавме во себе. Вакви победи носат титули, во Реал Мадрид се борите до самиот крај и никогаш не се откажувате. Кога победуваме на ваков начин, самодовербата за успеси расте уште повеќе. Не ми беше тешко да го постигнам голот за 1:1, далеку покомплицирано беше додавањето на Белингам“, изјави Модриќ. Пресвртот го комплетираше Џуд Белингам со својот победнички гол во 96. минута од натпреварот на „Месталја“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.