Лука Модриќ конечно го затвора своеÑ..." /> Модриќ влегол во голема расправија со Анчелоти: Ти едноставно, нè e*еш! – Статива

Модриќ влегол во голема расправија со Анчелоти: Ти едноставно, нè e*еш!

June 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ влегол во голема расправија со Анчелоти: Ти едноставно, нè e*еш!

Лука Модриќ конечно го затвора своето бело поглавје. Хрватскиот виртуоз го напушта „Сантијаго Бернабеу“ и својата нова фудбалска дестинација ја наоѓа во Милан.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека новиот тренер Чаби Алонсо бил една од причините Модриќ барем за момент да се двоуми. Од првиот разговор, како што пишува „Дефенса Централ“, бил фасциниран од неговиот пристап, свежи идеи и план за иднината.

Сепак, тоа не било доволно за да ја избрише фрустрацијата која долго време ја чувствувал од начинот на работа на Карло Анчелоти.

„Ти, едноставно не е*еш на овој начин“, му рекол Модриќ во еден момент, според истите извори.

Иако Реал Мадрид беше тим со најмногу звезди, минатата сезона заврши без сјај во витрините. Промените веќе почнаа: Анчелоти замина, Чаби дојде, а соблекувалната се простува и од ветерани како Модриќ и Васкез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.