Модриќ влезе во историјата на Реал со посебен рекорд

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ влезе во историјата на Реал со посебен рекорд

Реал Мадрид не успеа да го совлада Атлетико на домашен терен, а ремито дополнително ја вжешти битката за титулата во Ла Лига. И покрај резултатот, Лука Модриќ остави свој белег во дербито со тоа што постави нов рекорд. Ветеранот влезе во игра во второто полувреме, со што го забележа својот 40-ти настап во мадридското дерби – бројка која никој друг фудбалер не ја достигнал. Со ова, Модриќ го собори претходниот рекорд на Карим Бензема, кој има 39 настапи против Атлетико. Далеку зад нив е Тони Крос со 33, додека Јан Облак, кој вчера го одигра своето 32-ро дерби, е лидер во оваа статистика меѓу играчите на Атлетико. Во оваа елитна група се и Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, кои по 31 пат настапиле во дуелите меѓу двата ривалски клуба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.