Модриќ збеснал поради мрзеливоста на Мбапе и Винисиус!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ збеснал поради мрзеливоста на Мбапе и Винисиус!

Реал Мадрид успеа да ја запише првата победа во Ла Лига сезонава каде славеа против Ваљадолид со 3-0. Но, според информациите на „Marca“, Лука Модриќ бил изреволтиран не поради тоа што не бил стартер, туку за начинот на кои се однесувале Килијан Мбапе и Винисиус. Тој се налутил бидејќи кога гостите тргнале во напад, Мбапе и Винисиус не се враќале во одбрана за да му помогнат на тимот да се одбрани. "Ова е особено видливо кога Реал ја губи топката. Потоа неколку мрзливи играчи престануваат да играат. Модриќ им се налутил на соиграчите кои не помагаат, пред сѐ на Мбапе и Винисиус", пишува мадридскиот весник.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.