Модриќ жестоко по поразот: „За првпат чувствувам срам по натпревар!“

October 4, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ жестоко по поразот: „За првпат чувствувам срам по натпревар!“

Лука Модриќ не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз на Хрватска. Искусниот капитен со искрена и жестока изјава го опиша својот шок од она што го прикажала репрезентацијата. „Тешко е да се најде објаснување за ваква претстава без дуели, фаули, агресивност, заедништво… Тука сум 20 години, но за првпат чувствувам срам по натпревар! Може да се загуби, некој да биде подобар, но да загубиш на ваков начин и вака да го прокоцкаш угледот што сме го граделе со години е недопустливо. Навистина чувствувам срам“, порача Модриќ. Капитенот додаде дека ваквиот пристап е неприфатлив за репрезентација со амбиции и истакна дека тимот мора да остане заедно. „Вака фудбал не може да се игра. И да играш со двајца играчи помалку, не може вака, а ние изгледавме како да имавме четири-пет играчи помалку! Катастрофална ноќ.“ Модриќ повика на единство наместо барање виновници. „Не треба да вперуваме прст еден во друг и да бараме виновници, туку треба да бидеме заедно во ова. Се враќавме и од потешки ситуации, губевме тешко, но вакво чувство по натпревар никогаш немав во репрезентацијата.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.