June 27, 2025 | | Свет
Баерн Минхен повторно го наметна своето реноме како најсилен магнет за домашни таленти. Германскиот млад напаѓач Ник Волтeмаде веќе постигна вербален договор со „баварците“, откако клубот од Минхен му понуди услови кои не се одбиваат. Додека Штутгарт се обидуваше да го задржи со зголемување на платата од 1,5 на 2,5 милиони евра по сезона, Баерн го победи конкуренцијата со понуда што вкупно му носи околу 10 милиони евра годишно — 7,5 милиони фиксна плата и дополнителни 2,5 милиони во бонуси. Покрај огромната разлика во заработката, Волтeмаде ќе има и шанса да се бори за титули на сите фронтови – од Бундеслигата до Лигата на шампионите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |