July 8, 2025 | | Свет
Интересна сцена се случи на прес-конференцијата на Челси пред полуфиналниот натпревар против Флуминенсе на Светското клупско првенство. Тренерот на „сините“, Енцо Мареска, се обиде да потенцира колку напорна е сезоната за европските клубови, но наиде на неочекуван одговор што го остави без зборови. Италијанецот зборуваше за тоа како заморот и бројот на натпревари ја ставаат неговата екипа во подредена положба во однос на клубовите од Јужна Америка. „Двете екипи доаѓаат овде во различна состојба. Ние имаме одиграно 63 официјални натпревари оваа сезона. Тоа е многу“, нагласи Мареска, обидувајќи се да укаже на заморот кај своите фудбалери. Но, неочекувано од публиката пристигна глас: „70. Ние одигравме 70 натпревари во истиот период“, му дофрли бразилски новинар, алудирајќи на распоредот на Флуминенсе. Изненаден и затекнат, тренерот на Челси за момент замолкна и веднаш ја смени темата, без да се наврати на темата за заморот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |