Момент за кој ќе се зборува: Чуден црвен картон за Билбао против Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Момент за кој ќе се зборува: Чуден црвен картон за Билбао против Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед води со огромни 0-2 против Атлетик Билбао во рамките на првиот полуфинален меч во Лигата на Европа. Тимот на Аморим поведе преку Касемиро во 30. минута, а пет минути подоцна следуваше момент за кој ќе се зборува. При напад на гостите, стоперот Вивиан го повлече и го сруши Хојлунд во шеснаесетникот при што се бараше пенал од судијата. По предлог од ВАР, главниот судија отиде и го погледна спорниот момент каде имаше елементи за најстрога казна која воедно и беше досудена. Но, она што привлече внимание е црвениот картон кој судијата го додели на Вивиан, најверојатно поради тоа што да не бил прекршокот, Хојлунд ќе имал чиста шанса за гол. Од друга страна пак, други се на став дека ваквиот црвен картон е престрог за оваа фаза од натпреварувањето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.