June 20, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед би можел да остане без својот прв голман, Андре Онана, веќе ова лето. Според најновите информации од островските и француските медиуми, Монако сериозно се интересира за Камерунецот и се распрашува за условите под кои би можел да го ангажира. Онана пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2023 од Интер за 55 милиони евра, но неговите настапи предизвикаа негативни реакции. Често беше критикуван за нестабилност и грешки во клучни моменти, а дел од навивачите и стручната јавност сметаат дека не ги оправда очекувањата и вложената сума. Тренерот Рубен Аморим, кој ова лето доби одврзани раце за реконструкција на тимот, наводно инсистира на ново решение меѓу стативите. Како потенцијална замена, Јунајтед веќе стапил во контакт со агентите на Марко Карнесеки, голманот на Аталанта, кој е идентификуван како приоритетна мета доколку се случи трансферот на Онана. Карнесеки има 24 години и зад себе има солидна сезона во Серија А, а веќе неколку години важи за еден од најперспективните италијански голмани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |