Мората: Едвај чекам да заиграм за Милан

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мората: Едвај чекам да заиграм за Милан

Алваро Мората денес ги помина лекарските прегледи и одлучи кариерата да ја продолжи во Милан откако беше активирана неговата откупна клаузула од 13 милиони евра. Шпанецот потпиша 4-годишен договор со „росонерите“, а воедно и потврди дека разговорот со Ирахимовиќ бил пресуден. „Вистината е дека Италијанците отсекогаш се однесувале кон мене со голема почит и едвај чекам прво да одам на одмор во Италија а потоа повторно да играм таму. Дали ќе го носам дресот со број 9? Не знам мора да разговараме за тоа. Не можам да дочекам. Морам да одам на одмор и да уживам, бидејќи тие секогаш ми помагале, но инаку уште утре би почнал да тренирам. Од разговорот со Ибрахимовиќ почуствував позитивни работи“, рече Мората. Тој како капитен на Шпанија во неделата стана европски шампион откако ја совладаа Англија во финалето.

     

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.