Мората и Родри ќе бидат суспендирани бидејќи скандираа „Гибралтар е Шпанија“!

August 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мората и Родри ќе бидат суспендирани бидејќи скандираа „Гибралтар е Шпанија“!

Алваро Мората и Родри се казнети со еден натпревар суспензија поради непристојно однесување за време на прославата на освојувањето на титулата европски шампион во Мадрид минатиот месец, соопшти УЕФА. Двајцата пееја „Гибралтар е шпански“, само еден ден по победата над Англија во финалето на Европското првенство, за време на јавната прослава во главниот град на Шпанија. Мората и Родри добија суспензија од еден натпревар која ќе ја издржат идниот месец, при првиот следен настап на шпанската репрезентацијата. Тие нема да бидат во комбинација за настап против Србија во мечот кој се игра на 5. септември, во Белград.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.