August 9, 2024 | | Свет
Алваро Мората и официјално беше претставен пред медиумите во Италија како нов играч на Милан. „Благодарам на сите што ми помогнаа да стигнам овде. Имав неколку можности да се вратам во Италија во последните години, но откако ми се јави Златан и разговарав со директорите и тренерот, не размислував за ништо друго“, изјави Мората. Шпанецот рече дека Милан бил клубот кој најмногу го посакувал и се трудел и дека уште за време на Европското првенство се чувствувал како да е играч на Милан. „Ако еден ден ми се јави Ибра и ми каже дека не ми оди, нема да имам проблем со тоа. Имав слушнато дека Милан е Милан. Откако дојдов овде, сè беше неверојатно. Тешко е да се најде клуб со таква организација. Едвај чекам да излезам на теренот. Не можам да ветам титули, но ветувам дека ќе трчам како куче при правењето на пресинг. Сакам да бидам лидер и да ги натерам и другите да го дадат максимумот од себе“, рече Алваро Мората.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |