Мората мораше да се пресели поради градоначалникот кој е навивач на Интер!

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мората мораше да се пресели поради градоначалникот кој е навивач на Интер!

По трансферот од Атлетико Мадрид во Милан, Алваро Мората се пресели во општината Корбета. Тоа е место со 18.000 жители и е дел од околината на Милано. Но, тој беше приморан да се отсели од таму поради една чудна причина. Имено, градоначалникот на оваа општина Марко Баларини откри дека Мората живее во неговата општина па така всушност му наштети. Тој навива за Интер и откри дека му е драго што има европски првак во неговата општина. Ваквите инфорамции му ја нарушија приватноста на Мората кој беше приморан да најде нов дом. „Драг градоначалнику, ви благодарам што ми ја нарушивте приватноста. Среќа во куќата немам ништо вредно. Единственото богатство се моите синови и нивната безбедност, која повеќе не им е гарантирана. Верував дека Корбета ќе ми пружи приватност, но сега сум принуден да го менувам домот поради вашата неспособност да ги користите социјалните мрежи и да ги штитите вашите граѓани“, напиша Мората.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.