February 1, 2025 | | Свет
Алваро Мората ќе ги помине лекарските прегледи за време на викендот и официјално ќе потпише за Галатасарај. Со тоа, трансферот на Сантијаго Хименес од Феенорд е завршен, а се очекува обештетувањето да надмине 32 милиони евра. Напаѓачот ова лето пристигна во Милан како европски шампион, со очекувања да биде лидер во нападот на „росонерите“. Сепак, очигледно е дека раководството, а можеби и новиот тренер Сержо Консесао, не се задоволни од неговите настапи. Во оваа сезона има шест гола и две асистенции на 25 натпревари. Така, Милан реши да му најде нов клуб уште во овој преоден рок, и решението беше Галатасарај. Договорот е постигнат, а Мората оди во Истанбул на позајмица до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година. Вклучена е и клаузула за потенцијален откуп. Ова ќе биде четврта земја во која Мората ќе настапува, по Шпанија (Реал и Атлетико Мадрид), Италија (Јувентус, Милан) и Англија (Челси). Но, Милан не застанува тука. Клубот и понатаму верува дека може да го донесе Жоао Феликс на позајмица од Челси. Овој трансфер го форсираат Сержо Консесао и агентот Жорж Мендеш. Феликс сака поголема минутажа, но Енцо Мареска не сака да се одрече од него без соодветна замена. Тој го посакува Алехандро Гарначо, но Манчестер Јунајтед не сака да ги засили своите ривали. Останува да се види како ќе се развие оваа ситуација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |