Мота не смета на нив: Седум фудбалери на Јуве се на продажба!

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мота не смета на нив: Седум фудбалери на Јуве се на продажба!

Тиаго Мота дојде до Јувентус каде најавува револуција во играчкиот кадар на клубот. Тој наводно известил седум фудбалер дека нема да смета на нив во новата сезона. Мота веќе и јавно изјави дека Киеза ќе мора да си најде нов клуб каде неговиот договор истекува следното лето. Тој не смета и на Тијаго Џало, кој беше донесен зимоска од Лил. Стоперот би можел да биде испратен на позајмица. Исто така, Американецот Вестон Мекени ќе треба да си најде нов клуб. Неговиот договор истекува наредната година а Јувентус би го продал за околу 10 милиони евра. Други кои се на трансфер листата се Војчех Шчесни, Матија де Шиљо, Артур, Филип Костиќ, Даниеле Ругани и Ханс-Николуси Кавиља.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.