Мота може да остане смирен: Нема да добие отказ

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мота може да остане смирен: Нема да добие отказ

И покрај слабите резултати на Јувентус оваа сезона, тренерот Тијаго Мота останува на кормилото на тимот. Техничкиот директор на клубот, Кристијан Џунтоли, потврди дека отказ за Мота не е во план, бидејќи раководството верува во проектот што го започнаа заедно пред шест месеци. „Разочарани сме, но и понатаму сме убедени дека се движиме во вистинска насока. Разговаравме со играчите и сите се свесни дека мораат да дадат повеќе за да го оствариме најважниот приоритет – пласман во Лигата на шампионите. Мота останува тренер, нема промени во тој поглед“, изјави Џунтоли. Јувентус оваа сезона веќе беше елиминиран од Лигата на шампионите и Купот на Италија, а во Серија А се наоѓа на четвртото место по 26 одиграни кола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.