Може и да се предомисли: Гвардиола прозборе за можноста да стане селектор на Англија

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Може и да се предомисли: Гвардиола прозборе за можноста да стане селектор на Англија

Гвардиола се спрема за нова сезона со тимот на Манчестер Сити каде денеска ќе ги одмерат силите со Јунајтед во рамките на „Комјунити Шилд“. Шпанецот беше запрашан за можноста да стане селектор на Англија еден ден каде не одговори конкретно, но очигледно и не ја отфрли таквата опција. „Морам да размислам што ќе правам со мојот живот, дали сакам да продолжам овде, дали сакам да паузирам, дали сакам да водам репрезентација или не. Целосно сум возбуден за сезоната бидејќи гледам работи што ми се допаѓаат. Има нов предизвик, да видиме дали можеме да го собориме сопствениот рекорд“, истакна Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.