Можните парови во осминафиналето од Лигата на шампионите

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Можните парови во осминафиналето од Лигата на шампионите

Плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите заврши со вчерашните натпревари, а сега се познати сите екипи кои ќе продолжат во следната фаза. Осум тимови директно обезбедија пласман со своите позиции, додека екипите од 9. до 24. место мораа да минат низ плеј-офот за да стигнат до елиминациската фаза. Ждрепката ги одреди противниците во овој круг, исто како што ќе ги спои и тимовите за осминафиналните пресметки. Паровите за осминафиналето веќе се дефинирани, но утрешната ждрепка во Нион, која ќе се одржи на пладне, ќе одреди кој ќе продолжи во четвртфиналето. Можни парови за осминафиналето: ПСЖ – Ливерпул или Барселона Клуб Бриж – Лил или Астон Вила Реал – Атлетико или Баер Леверкузен ПСВ – Арсенал или Интер Феенорд – Интер или Арсенал Баерн – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен Дортмунд – Астон Вила или Лил Бенфика – Ливерпул или Барселона Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, четвртфиналето е закажано за 8/9. и 15/16. април, полуфинале 29/30. април и 6/7. мај, и големото финале на Алијанц Арената во Минхен на 31 мај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.