Му даде страшен гол на Баерн, сега Дортмунд за него бара 100 милиони евра

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Му даде страшен гол на Баерн, сега Дортмунд за него бара 100 милиони евра

Репрезентативецот на Англија У-21 Џејми Гитенс вчера постигна прекрасен соло гол во дербито против Баерн Минхен. За него се заинтересирани тимови како Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Во моментов, Џејми не планира да направи трансфер летото, но ако би се одлучил на тоа, Премиер лигата е негов сон. Она што би можело да ја отежни ситуацијата за негов трансфер е желбата на Борусија Дортмунд која ќе бара околу 100 милиони евра за него. Неговиот договор со Дортмунд истекува во 2028 година, а според „Transfermarkt“, тој вреди 35 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.