December 18, 2024 | | Свет
Фудбалерот на Челзи Михајло Мудрик падна на допинг тест. Украинскиот напаѓач е суспендиран до понатамошно известување, додека се чекаат дополнителните резултати и деталите околу случајот. Мудрик веќе направи и Б примерок, кој ќе биде подложен на втора анализа. Според пишувањата на „Daily Mail“, во крвта на Мудрик е пронајдена забранета супстанца – мелдониум, која ја користеле советските војници за подобрување на издржливоста и виталноста. Мелдониумот бил увезен во Русија за потребите на руската армија, а во минатото многу руски спортисти биле обвинувани за употреба на оваа дрога. Најпознат пример е тенисерката Марија Шарапова, која беше позитивна на мелдониум на Австралија Опен во 2016 година и беше суспендирана на две години. Мелдониумот, кој не е достапен во Велика Британија, се произведува во Латвија од компанијата „Гриндекс“. Оваа супстанца, иако првобитно наменета за пациенти со проблеми со срцето и циркулацијата, се користи и во спортот бидејќи ја зголемува издржливоста и брзината на закрепнување, што го прави популарен меѓу спортистите. Мудрик, кој во јануари минатата година пристигна од Шахтјор Донецк во Челзи за 70 милиони евра, оваа сезона се соочува со проблеми со повреди и има одиграно само седум натпревари, постигнувајќи еден гол. По 73 натпревари за Челзи, тој има 10 голови и 9 асистенции, но досега не ги оправдал високите очекувања и големата отштета.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |