June 7, 2024 | | Свет
За една недела започнува Европското првенство кое ќе се одржи во Германија каде домаќинот ќе го отвори турнирот со дуелот против Шкотска на 14 јуни со почеток од 21 часот во Минхен. Жозе Мурињо даде негово видување околу тоа која земја ќе го понесе трофејот па рече дека четири екипи се пред другите и дека меѓу нив треба да се бара освојувачот на трофејот. „Не сакам да покажам непочитување кон претходните генерации што ги имавме, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, веројатно сега сме најдобри што некогаш сме биле и Португалија може да триумфира. Станува збор за самодоверба, самодоверба дека можат да победат секого. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобриот тим, но Шпанија, Франција, Англија и Германија не се подобри“, изјави тој. Во однос на можно изненадување на турнирот, тој рече дека ќе биде изненаден ако се случи тоа. „На Франција и Германија секогаш им оди добро, Португалија и Англија се подобри од било кога. Овие четири екипи. Не сум сигурен за Шпанија, но фудбалот што го играат и играчите што ги имаат се со највисок квалитет. Италија или Белгија би биле изненадување“, додаде Жозе.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |