Мурињо: Ако ми покажете снимка, ќе признаам оти бил црвен картон за Арда!

October 19, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо: Ако ми покажете снимка, ќе признаам оти бил црвен картон за Арда!

Жозе Мурињо се осврна на спорниот инцидент во кој учествувал Арда Ѓулер, истакнувајќи дека досега не видел јасна видео снимка на која се гледа наводниот удар со лакт врз противнички фудбалер. Португалскиот тренер откри дека Ѓулер му кажал оти не го удрил противникот со лакт, но нагласи дека е подготвен да го прифати спротивното доколку се појават јасни докази. „Не видов јасна снимка од прекршокот на Арда. Тој ми кажа дека не го удрил противникот со лакт“, изјави Мурињо. Тој додаде дека до следната прес-конференција во Ла Лига, закажана за сабота, очекува да има можност да ја види снимката од инцидентот. „Ако дотогаш некој ми покаже вистинска снимка на која се гледа дека Арда го направил тоа, тогаш ќе кажам дека станувало збор за црвен картон. Немам никаков проблем со тоа. Досега не сум ја видел снимката никаде“, порача Мурињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.