Мурињо беше запрашан како го избира тимот, одговорот е урнебесен (ВИДЕО)

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо беше запрашан како го избира тимот, одговорот е урнебесен (ВИДЕО)

Жозе Мурињо повторно покажа зошто е еден од најхаризматичните тренери во светот на фудбалот. На последната прес-конференција, португалскиот стратег со ироничен тон одговори на прашањето зошто толку често го менува стартниот состав. „Имам 25 парички. Ги фрлам во воздух, тие што ќе останат на масата играат. Оние што ќе паднат на под, одат на клупа. Така функционира тоа кај мене“, изјави Мурињо, предизвикувајќи смеа кај присутните новинари. Со типична доза сарказам, тој додаде: „Во текот на неделата си поминувам убаво, одам по ноќни клубови низ Истанбул, се забавувам, и кога ќе дојде време за избор на тим, ги фрлам паричките на кои има ликови од играчите. Оние 11 што ќе останат играат. Толку е едноставно.“ Зад хуморот, сепак, стоеше сериозна порака – Мурињо сакаше да ја потенцира непредвидливоста на работата со фудбалери и притисокот од јавноста за секоја негова одлука.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.