October 17, 2026 | | Свет
Жозе Мурињо го коментираше статусот на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид, истакнувајќи дека на негово место веројатно би одлучил да ја напушти шпанската престолнина, особено по случувањата од минатото лето. „Да бев на негово место, веројатно веќе немаше да бидам тука. Минатото лето веројатно ќе се обидев да издејствувам трансфер во друга лига, каде што ќе бев почитуван од другите клубови и од навивачите на противничките тимови“, изјави Мурињо. Сепак, според него, љубовта на Винисиус кон Реал Мадрид и градот Мадрид е причината поради која Бразилецот верува дека работите можат да се подобрат. Мурињо исто така го опиша Винисиус како еден од најважните позитивни фактори во соблекувалната, нагласувајќи дека Бразилецот има добри односи со сите соиграчи. „Менталната сила што ја поседува по сè низ што помина, а и фактот дека сè уште може да се насмевнува, се неверојатни“, порача португалскиот стратег.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |