Мурињо донел конечна одлука за својата иднина!

May 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо донел конечна одлука за својата иднина!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе продолжи да го води турскиот гигант Фенербахче и во наредната сезона, пренесува угледниот „ЕСПН“. И покрај шпекулациите дека би можел да ја напушти Истанбул по само една сезона, „Специјалниот“ одлучил да ја продолжи својата мисија. Мурињо беше доведен со јасна цел – да го врати Фенербахче на шампионскиот трон по повеќе од една деценија. Последната титула во првенството клубот ја освои пред 11 години, а конкуренцијата во турскиот шампионат е жестока, особено од страна на ривалите Галатасарај и Бешикташ. Во текот на сезоната, Мурињо не криеше разочараност од одредени случувања во турскиот фудбал, честопати обвинувајќи го системот дека е наклонет кон Галатасарај. Сепак, одлуката да остане барем уште една сезона покажува дека има амбиција да ја доврши започнатата работа и да се обиде да ја прекине шампионската суша на Фенер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.