April 14, 2025 | | Свет
И покрај тоа што Реал Мадрид и понатаму се бори на сите фронтови оваа сезона, раководството на клубот веќе размислува за иднината и можни тренерски промени. Се погласни се шпекулациите дека Карло Анчелоти би можел да ја напушти клупата, а претседателот Флорентино Перез веќе работи на план Б – ангажман на Жозе Мурињо. Португалецот не е непознат во Мадрид. Тој го водеше „кралскиот клуб“ од 2010 до 2013 година и остави силен впечаток кај навивачите, кои и денес го сметаат за еден од омилените тренери на клубот. Според информациите на шпанскиот медиум „El Gol Digital“, Перез веќе стапил во контакт со Мурињо, кој во моментов го предводи турскиот гигант Фенербахче. Иако тој не е прва опција за клупата, дефинитивно е сериозен кандидат. Главната цел на Реал е Чаби Алонсо, актуелниот тренер на Баер Леверкузен, кој блеска со својата екипа оваа сезона. Сепак, ангажманот на Алонсо може да се покаже како комплициран, бидејќи има важечки договор со Леверкузен до летото 2026 година. Во случај преговорите со Алонсо да не дадат резултат, враќањето на Мурињо би било логичен потег за Реал. Не само поради неговото искуство и претходниот успех во Мадрид, туку и поради блискоста со клубот и со Перез лично.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |