October 21, 2024 | | Свет
Како што се наближува јануарскиот преоден рок, така се зголемуваат шансите Елиф Елмас да замине од Лајпциг по само една година. Тој скоро па и да нема минутажа под палката на тренерот Марко Росе кој очигледно не смета сериозно на него. Интерес за Елмас постои од Наполи и Аталанта, а сега наводно и неговиот поранешен клуб Фенербахче се вклучил во трката за негов потпис. Според информациите на турскиот весник „Fanatic“, Жозе Мурињо лично побарал од клубот да стори се што е во негова моќ за да го врати Елмас назад во Фенербахче. Договорот на Елмас со Лајпциг трае до 2028 година, а постои и опција Елмас да се врати во Фенер на позајмица. Тој во 2017 година премина во Фенербахче од редовите на Работнички. Потоа, турскиот гигант го продаде на Наполи за сума од 16 милиони евра, плус 1,5 милион евра од следниот трансфер. Лани во јануари тој се пресели во Германија за 25 милиони евра, но засега ваквиот трансфер е промашување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |