May 28, 2025 | | Свет
Жозе Мурињо повторно најде начин да го „пецне“ Тотенхем и особено првиот човек на клубот, Даниел Леви. Иако минаа четири години од неговото заминување, „специјалниот“ очигледно не го заборавил начинот на кој беше отпуштен од лондонскиот клуб. Португалецот ја искористи најновата титула на „спарсите“ како идеален момент за саркастична забелешка. „Триумфот ќе има огромно влијание врз клубот. За навивачите, за фудбалерите и Постекоглу најважна ќе биде титулата, а за господинот Леви тоа што настапот во Лигата на шампиони ќе му донесе многу пари, тоа ќе бидат најдобрите вести за него“, изјави Мурињо. Тој беше именуван за тренер на Тотенхем во ноември 2019 година, но доби отказ во април 2021, само неколку дена пред финалето на Лига Купот против Манчестер Сити. Со оваа иронична изјава, Мурињо уште еднаш покажа дека не заборава лесно – особено кога станува збор за Леви и неговиот однос кон трофеите и парите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |