Мурињо го пофали големиот талент на Реал Мадрид: Треба само да го слуша Анчелоти

September 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо го пофали големиот талент на Реал Мадрид: Треба само да го слуша Анчелоти

Жозе Мурињо доби шанса да тренира тим и во Турција и тоа големиот Фенербахче. Португалскиот тренер беше запрашан за најголемиот талент на Турција, Арда Ѓулер кој моментално настапува за Реал Мадрид и од него се очекува многу. Мурињо рече дека штом стасал до Реал Мадрид, станува збор за неверојатен талент со голем потенцијал. „Арда за своја возраст веќе покажува голема карактер и демонстрираше дека е посебна класа. Во Реал Мадрид не може да игра било кој играч. За да го носите тој дрес, не може да си дозволите луксуз да бидете исплашени. Анчелоти е голем тренер и Арда треба само да го слуша и да учи од него“, вели Мурињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.