Мурињо им влезе на судиите во соблекувалната по ремито со Галатасарај (ВИДЕО)

February 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо им влезе на судиите во соблекувалната по ремито со Галатасарај (ВИДЕО)

Многумина вчера го следеа исходот од Истанбул, каде што во рамките на турската Суперлига се одигра мегасудирот меѓу Фенербахче и Галатасарај (0-0). Натпреварот, кој беше под силни безбедносни мерки со присуство на 30.000 полицајци, помина без голови, оставајќи ги навивачите разочарани. Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој беше избран да го води овој напрегнат дуел, имаше тешка задача да ги контролира страстите на теренот. Но, неговите проблеми не завршија со последниот свиреж – веднаш по крајот на мечот, на вратата од судиската соблекувална се појави Жозе Мурињо. Турските медиуми објавија дека контроверзниот португалски тренер упаднал во просториите на судиите, упатувајќи забелешки кон нив. Иако не е познато што точно им кажал, неговите бурни реакции кон арбитрите не се новост, како што беше случајот со англискиот судија Ентони Тејлор по финалето од Лигата на Европа меѓу Рома и Севиља. На крајот, ремито повеќе му одговараше на Галатасарај, кој успеа да ја задржи предноста од шест бода пред својот најголем ривал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.